МЕСТО 15 ЈУНИ, МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ЌЕ МОЖАТ ДА ВЛЕГУВААТ ВО ГРЦИЈА ОД 1 ЈУЛИ

    МЕСТО 15 ЈУНИ, МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ЌЕ МОЖАТ ДА ВЛЕГУВААТ ВО ГРЦИЈА ОД 1 ЈУЛИМакедонија е исклучена од првата фаза на отворањето на грчките граници за странците (Фото: Шатерсток)

    Македонските државјани ќе можат да влегуваат во Грција од 1 јули, а не од 15 јуни, како што претходно беше најавено, пишува весникот „Екатимерини“.

    Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис изјави дека Северна Македонија ќе биде исклучена од првата фаза на отворањето на границите за странците.

    „Од 15 јуни повторно ќе бидат дозволени меѓународните летови кон аеродромот во Солун, од што ќе бидат исклучени Италија, Шпанија, Холандија, Велика Британија, Турција, Албанија и Северна Македонија. Летовите од Албанија и Северна Македонија кон Атина ќе бидат дозволени само за суштински патувања“, изјави Теохарис.

    Што се однесува до патувањата по копно, Грција на 15 јуни се отвора за Бугарија, но не и за Турција, Албанија и Северна Македонија, со исклучок на неопходни деловни патувања. „Екатимерини“ пишува дека овие рестрикции ќе бидат укинати за Албанија и Северна Македонија на 1 јули, додека ситуацијата со Турција ќе се разгледува на 30 јуни.

    Од 1 јули, ќе бидат дозволени сите меѓународни летови кон аеродромите во Атина и Солун. Патниците ќе бидат подложени на тестирање по случаен избор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира