МИ ДАВАА ЛИТРИ И ЛИТРИ КИСЛОРОД ЗА ДА ПРЕЖИВЕАМ, ОТКРИ БОРИС ЏОНСОН ЗА СВОЈАТА БОРБА СО КОВИД-19

    МИ ДАВАА ЛИТРИ И ЛИТРИ КИСЛОРОД ЗА ДА ПРЕЖИВЕАМ, ОТКРИ БОРИС ЏОНСОН ЗА СВОЈАТА БОРБА СО КОВИД-19Џонсон го крсти новородениот син токму по двајцата доктори кои се грижеа за него во болница (Фото: Гети)

    Борис Џонсон откри дека биле правени планови за вонредна состојба додека тој лежеше во болница сериозно болен од КОВИД-19. Во интервјуто за весникот „Сан“, британскиот премиер кажа дека му биле давани литри и литри кислород за да преживее.

    „Додека бев во болница, во живот ме одржуваше желбата да го прекинам страдањето на другите и да ја вратам Велика Британија на нозе“, изјави Џонсон.

    Само два дена откако во понеделникот се врати на работа, Џонсон доби син, кој го крсти по двајцата доктори кои се грижеа за него во болница.

    „Беше чудно да се гледа на мониторите како индикаторите постојано одат во погрешна насока. Тоа беа многу тешки моменти, нема да лажам. Цело време се прашував како ќе се извлечам од ова“, кажа Џонсон.

    Тој имаше позитивен тест на коронавирус на 26 март и десет дена подоцна беше префрлен во болница поради влошување на симптомите.

    „Не ми се веруваше колку брзо се наруши моето здравје. Лекарите беа подготвени на сѐ доколку станеше уште полошо. Имав среќа и мојата цел сега е да го запрам страдањето на другите“, вели Џонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира