МИ СЕ СМЕАТ, НО ЌЕ ИМАМЕ ЛЕТЕЧКО ТАКСИ ВО БЕЛГРАД, КАЖА ВУЧИЌ ПО СРЕДБАТА СО ШЈИ ЏИНПИНГ

    МИ СЕ СМЕАТ, НО ЌЕ ИМАМЕ ЛЕТЕЧКО ТАКСИ ВО БЕЛГРАД, КАЖА ВУЧИЌ ПО СРЕДБАТА СО ШЈИ ЏИНПИНГВучиќ и Шји кажаа дека двете земји ги врзува челично пријателство (Фото: Танјуг)

    Александар Вучиќ изјави по средбата со кинескиот претседател Шји Џинпинг дека му се смееле кога рекол дека во Белград ќе се воведе летечко такси и додека дека Србија веќе разговара со една кинеска компанија со цел ваков превоз да се воспостави до 2027, кога во Белград се одржува ЕКСПО.

    Засега нема да го откријам името на фирмата, но е една од најпознатите во светот, па не е тешко да се дознае која е. Разговараме и со производител на електрични автомобили од Кина, кој исто така е заинтересиран за влез во нашата земја“, кажа Вучиќ.

    Тој потсети дека Србија купила повеќе од десет возови од Кина и кажа дека го замолил Шји да ја разгледа можноста за нивно производство во Србија, со цел да можат да ги купуваат и други европски земји.

    Кинескиот лидер ја посети Србија во рамките на својата куса европска турнеја, која ги опфати и Франција и Унгарија. Посетата на Белград се совпадна со 25-годишнината од бомбардирањето на кинеската амбасада од страна на НАТО.

    Во рамките на посетата, Кина и Србија потпишаа низа билатерални договори за соработка и нагласија дека двете земји ги врзува челично пријателство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира