МИКРОНЕЗИЈА СТАНА ПОСЛЕДНАТА ПОГОЛЕМА ДРЖАВА НА СВЕТОТ ВО КОЈА СЕ ПОЈАВИЛ КОВИД-19

    МИКРОНЕЗИЈА СТАНА ПОСЛЕДНАТА ПОГОЛЕМА ДРЖАВА НА СВЕТОТ ВО КОЈА СЕ ПОЈАВИЛ КОВИД-19Повеќе од две и пол години, пацифичкиот архипелаг успеваше да избегне ширење на коронавирусот (Фото: АП)

    Микронезија веројатно стана последната држава на светот со повеќе од 100.000 жители каде што е регистриран коронавирусот.

    Повеќе од две и пол години, пацифичкиот архипелаг успеваше да избегне ширење на коронавирусот благодарение на географската локација и строгите гранични контроли. Сите кои доаѓаа во земјата прво мораа да одат во карантин. Но, како и во случајот на неколку други пацифички нации оваа година, одбраната не можеше засекогаш да го задржи попреносливиот сој омикрон.

    Властите вчера ги потврдија првите случаи на зараза откако имало 25 позитивни теста во една болница. Ова се случува на помалку од две недели пред планираното укинување на ковид рестрикциите и отворање на границите.

    Туркменистан е единствената држава со над 100.000 жители која досега не пријавила ниеден случај на ковид-19, но експертите веруваат дека таму имало значително ширење на вирусот, што автократските власти одлучиле да го игнорираат.

    Во мај, Северна Кореја првпат призна дека се бори со ширењето на ковид-19 и оттогаш биле регистрирани 4,8 милиони случаи на „треска“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира