Aктуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ, кој е поддржан од СДП и нејзините партнери, и кадидатот на ХДЗ Драган Приморац одат во вториот круг на претседателските избори во Хрватска што ќе се одржи на 12 јануари. Според нецелосните резултати по обработени 98,65 отсто избирачки места, Милановиќ води со освоени 49,20 отсто, а Приморац 19,43 отсто од гласовите.
На изборите за претседател на државата во првиот круг кандидати беа и Миро Буљ (Мост), независниот Томислав Јоњиќ, Ивана Кекин (Можеме), Бранка Лозо (ДОМИНО) и независните кандидати Марија Селак-Распудиќ и Нико Токиќ-Картело.
Марија Селак-Распудиќ освои 9,16%, Ивана Кекин 8,78%, Томислав Јоњиќ 4,99%, Миро Буљ 3,80%, Бранка Лозо 2,40% и Нико Токиќ-Картело 0,88% од гласовите.