Американскиот милијардер Џаред Ајзакмен одлета во вселената, каде што ќе се обиде да ја изведе првата приватна вселенска прошетка и да отиде подалку од кој било од последните мисии на „Аполо“. За разлика од неговите претходни летови, Ајзакмен овојпат ги подели трошоците со „СпејсЕкс“, што вклучи развој и тестирање на целосно ново вселенско одело.
Ако се помина по план, ова ќе биде првпат приватно лице да изведе вселенска прошетка, но тие нема да се оддалечат од капсулата. Вселенските прошетки, кои се сметаат за најризичниот дел од вселенските летови, досега ги изведуваа само професионалните астронаути, почнувајќи од Советите во 1965 година.
Покрај Ајзакмен, во посадата на ракетата „Фалкон 9“ се и двајца инженери на „СпејсЕкс“ и бивш пилот на американските воздушпни сили. Вселенската прошетка е планирана за четврток, на половина од петдневниот лет.
Тие исто така планираат да отидат подалеку од Меѓународната вселенска станица, до височина од 1.400 километри и единствено 24-цата астронаути на „Аполо“ имаат отидено подалеку. Тие планираат да поминат десет часа на таа височина, исполнета со екстремна радијација и отпадоци, пред да се спуштат на височина од 700 километри. Ајзакмен и Сара Гилис од „СпејсЕкс“ тука на кратко ќе излезат од капсулата.