МИЛИЦИЈАТА НА ДОЊЕЦК ИЗГУБИЛА ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД СВОИТЕ ОРИГИНАЛНИ СИЛИ

    МИЛИЦИЈАТА НА ДОЊЕЦК ИЗГУБИЛА ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД СВОИТЕ ОРИГИНАЛНИ СИЛИСе верува дека силите на НР Доњецк се опремени со застарени оружје и опрема (Фото. ЕПА)

    Руските и сепаратистичките сили претрпеле големи загуби во регионот Доњецк, велат британските разузнавачи. Тие проценуваат дека доњецката милиција изгубила 55% од својата оригинална сила.

    Народната правобранителка на самопрогласената Народна Република Доњецк, Дарија Морозова, соопшти дека од почетокот на 2022 до 16 јуни загинале 2.128 војници, а 8.997 биле ранети. Во истиот период загинале и 654 цивили.

    „Стапката на загуби на НР Доњецк е рамна на околу 55% од нејзините оригинални сили, што го нагласува исклучителното трошење на руските и проруските сили во Донбас. Многу е веројатно дека силите на НРД се опремени со застарени оружје и опрема. Способноста на двете страни да ангажираат и распоредат резервни единици на фронтот би можела да биде клучна за исходот на војната“, се вели во денешниот извештај на британското разузнавање.

    Веќе подолго време има извештаи дека во НР Доњецк цивили присилно се регрутираат за борба, а голем проблем бил и нискиот морал.

    „Необучени резервисти се праќаат во борба зашто Русија престана да испраќа регрути“, изјави бившиот функционер од Доњецк, Евгени Михајлов, минатиот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира