МИНЕСОТА ЈА МОБИЛИЗИРАШЕ НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА ЗА ПРВПАТ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ЗА ДА СЕ СПРАВИ СО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ

    МИНЕСОТА ЈА МОБИЛИЗИРАШЕ НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА ЗА ПРВПАТ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ЗА ДА СЕ СПРАВИ СО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИПротестите од Минеаполис се проширија во 30-ина градови низ целата земја (Фото: АП)

    За првпат од Втората светска војна, Минесота ја мобилизираше Националната гарда со цел да се поврати ред во оваа американска сојузна држава по неколкудневните насилни протести исполнети со вандализам, палежи и грабежи.

    Тие уследија по смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, кој почина во Минеаполис во понеделникот додека бил приведуван од полицијата. Сега веќе бившиот полицаец Дерек Човин, кој со колено го притисна вратот на Флојд, нанесувајќи му смртоносни повреди, вчера беше уапсен и в понеделник ќе се појави во суд под обвинение за убиство.

    Протестите од Минеаполис се проширија во 30-ина градови низ целата земја, вклучувајќи ги Њујорк, Чикаго, Портланд, Феникс и Атланта, додека Белата куќа привремено беше ставена во карантин.

    „За првпат од Втората светска војна гувернерот објави полна мобилизација на Националната гарда во Минесота. Што значи тоа? Тоа значи дека на улица излегуваат 2.500 војници“, изјави генерал мајорот Џон Еј Џенсен.

    Полицијата на Калифорнија потврди дека во пукањето во Оукленд се застрелани двајца припадници на Федералната заштитна служба, од кои еден починал. Еден 19-годишник е убиен во Детроит, кога од возило било пукано кон демонстрантите.

    Портланд прогласи вонредна состојба и воведе полициски час ноќе, додека сојузните држава Џорџија и Кентаки исто така побараа активирање на Националната гарда. Во Њујорк, каде што полицијата била гаѓана со Молотови коктели, се уапсени повеќе од 200 демонстранти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира