МИРОВНИОТ ПЛАН ЗА УКРАИНА НЕ Е МОЈА КОНЕЧНА ПОНУДА, РЕЧЕ ТРАМП ПО ЖЕСТОКИТЕ РЕАКЦИИ ОД УКРАИНЦИТЕ И ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ

    МИРОВНИОТ ПЛАН ЗА УКРАИНА НЕ Е МОЈА КОНЕЧНА ПОНУДА, РЕЧЕ ТРАМП ПО ЖЕСТОКИТЕ РЕАКЦИИ ОД УКРАИНЦИТЕ И ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИТрамп му дал рок на Володимир Зеленски до четврток да го потпише документот од 28 точки. (Фото: Икс)

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот „мировен план“ изготвен заедно со Москва „не е мојата конечна понуда“, по жестоките реакции од Украинците кои го опишаа предлогот како потсетување на договорот од Минхен од 1938 година на Невил Чембрлејн со Адолф Хитлер.

    Во краткото обраќање пред новинарите во Белата куќа, Трамп рече: „Би сакале да постигнеме мир. Тоа требаше да се случи одамна… се обидуваме да го завршиме, на еден или друг начин мораме да го завршиме“.

    Украински и американски претставници ќе се сретнат денеска во Швајцарија на разговори за планот, а се очекува во Женева да им се придружат и безбедносни претставници од Франција, Велика Британија и Германија.

    Во пресрет на разговорите, американскиот Стејт департмент ги оспори тврдењата на американски сенатори дека државниот секретар Марко Рубио им рекол оти предлогот „не е план на администрацијата“, туку „листа на желби на Русите“. Заменик-портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, изјави дека ова тврдење, изнесено меѓу другите и од независниот сенатор Ангус Кинг, е „еклатантна лага“.

    Рубио подоцна во објава појасни дека предлогот е изготвен од САД „како силна рамка за тековните преговори“ и се заснова на инпути од двете страни.

    Трамп му дал рок на Володимир Зеленски до четврток да го потпише документот од 28 точки. Планот бара од Киев да се откаже од територијата што моментално ја контролира Русија, да ја намали големината на својата армија и да се откаже од оружјето со долг дострел. Исто така, ја исклучува можноста за европски мировни сили и санкции за руските воени злосторства.

    Во обраќање во петокот, Зеленски предупреди дека неговата земја се соочува со „невозможен избор“ во наредните денови – меѓу зачувување на националното достоинство и губење на главен партнер во ликот на САД. Тој призна дека Украина се соочува со еден од најтешките моменти во својата историја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира