МИРОВНИTE ПРЕГОВОРИ РУСИЈА-УКРАИНА ТРАЕЈА ЕДВАЈ ДВА ЧАСА, УКРАИНЦИТЕ ВЕЛАТ РУСКИТЕ БАРАЊА НЕМААТ КОНТАКТ СО РЕАЛНОСТА

    МИРОВНИTE ПРЕГОВОРИ РУСИЈА-УКРАИНА ТРАЕЈА ЕДВАЈ ДВА ЧАСА, УКРАИНЦИТЕ ВЕЛАТ РУСКИТЕ БАРАЊА НЕМААТ КОНТАКТ СО РЕАЛНОСТАТурскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан претседаваше со состанокот меѓу украинските и руските преговарачи во Истанбул. (Фото: МНР на Турција)

    Првите директни мировни преговори меѓу Русија и Украина по повеќе од три години траеја помалку од два часа, без очигледни знаци за напредок во намалувањето на јазот меѓу страните, а украински извор рече дека барањата на Москва „не доаѓаат предвид“.

    Делегациите од завојуваните страни се состанаа денеска во Истанбул, нивна прва средба лице в лице од март 2022, еден месец по руската инвазија на нејзиниот сосед. Јазот меѓу двете страни беше брзо очигледен, според украинскиот извор кој за Ројтерс изјави дека барањата на Русија се „без контакт со реалноста и одат многу подалеку од сè што било претходно дискутирано“. Тој рече дека во барањата има и такви што „не доаѓаат предви“ и „неконструктивни услови“.

    Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во брифингот за украинските новинари по завршувањето на преговорите рече дека Украина и Русија се договориле да разменуваат по 1.000 воени заробеници.

    „Разговаравме за прашањето за прекин на огнот. И прашањето за размена на затвореници. Резултатот е размена на 1.000 лица за 1.000. Тоа е резултатот од нашиот состанок. Датумот е одреден, но не се објавува“, рече Умеров. Умеров рече и дека е разговарано за потенцијална средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин и дека наскоро ќе биде објавена најава за можна нова рунда разговори. Се разговарало и за „сите модалитети“ на примирје.

    Шефот на руската делегација во Истанбул, Владимир Медински, изјави дека е делегацијата задоволна од разговорите и дека е „подготвена да ги продолжи контактите“. Медински вели дека руската страна на разговорите во Истанбул разговарала за следново: „Голема размена на затвореници ќе се случи со Украина „во наредните денови“,и ќе биде „1.000 за 1.000“. Украинската страна побара директни разговори меѓу Путин и Зеленски – „го забележавме ова барање“, рече Медински и додаде: „Се договоривме секоја страна да ја претстави својата визија за можно идно примирје“.

    Володимир Зеленски, кој е на самитот на Европската политичка заедница во Тирана, Албанија, рече дека разговарал со другите светски лидери за руско-украинските преговори во Истанбул. Објавувајќи на својот профил на Телеграм, тој рече дека францускиот претседател Макрон, германскиот канцелар Мерц и премиерите на Обединетото Кралство и Полска, Стармер и Туск, кои се сите во Тирана, разговарале со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој додаде дека притисокот врз Русија мора да се одржува додека Русија не биде подготвена да стави крај на војната.

    „Украина е подготвена да ги преземе најбрзите можни чекори за вистински мир и важно е светот да има силни позиции“, рече Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира