МОЈОТ ПРЕТХОДНИК БИЛ УБИЕН, КАЖА СВИРКАЧОТ КОЈ ЈА ОТКРИ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ОД ФЕЈСБУК

    МОЈОТ ПРЕТХОДНИК БИЛ УБИЕН, КАЖА СВИРКАЧОТ КОЈ ЈА ОТКРИ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ОД ФЕЈСБУККристофер Вајли беше повикан да сведочи во британскиот парламент за својата улога во „Кембриџ аналитика“ (Фото: скриншот / Јутјуб)

    Кристофер Вајли, поранешен вработен во компанијата „Кембриџ аналитика“, кој ја разоткри злоупотребата на личните податоци на 50 милиони корисници на Фејсбук, изјави во сведочењето во британскиот парламент дека верува дека неговиот претходник во фирмата бил убиен во Кенија.

    „Тоа е шпекулацијата што ја имам слушнато. Ден Муресан работел на политички договор во Кенија што пропаднал и потоа бил пронајден мртов во хотелска соба. Тој наводно бил отруен, а кениската полиција била поткупена да не влегува во собата. Тоа е она што ми го кажаа, но не можам да ја потврдам веродостојноста“, кажа Вајли.

    Тој беше повикан да сведочи за својата улога во „Кембриџ аналитика“, која се најде на удар откако го искористи Фејсбук за да влијае врз претседателските избори во САД во 2016 година.

    „Вајли ја напушти нашата компанија во 2014 година и не беше директно запознат со нашите активности оттогаш“, објави „Кембриџ аналитика“.

    Вајли кажа дека изборот на Доналд Трамп за претседател е една од причините што излегол во јавност со скандалот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира