МОСКВА ГИ ОБВИНИ САД ЗА ПРОВОКАЦИЈА ОТКАКО АМЕРИКАНСКИ ДРОН СЕ УРНА ВО ЦРНОТО МОРЕ

    МОСКВА ГИ ОБВИНИ САД ЗА ПРОВОКАЦИЈА ОТКАКО АМЕРИКАНСКИ ДРОН СЕ УРНА ВО ЦРНОТО МОРЕОва е прв директен инцидент помеѓу САД и Русија од почетокот на инвазијата на Украина (Фото: ЕПА)

    Москва негираше дека руски борбен авион се судрил со американскиот дрон кој вчера се урна во Црното Море и кажа дека тој паднал откако извел остар маневар. Русија исто така кажа дека технолошки напредниот дрон „рипер“ летал со исклучени транспондери, комуникациски уреди кои овозможуваат следење на леталото.

    Инцидентот се случи вчера во 19:03 часот, кога, според американската војска, два руски авиона „су-27“ се обиделе да го пресретнат дронот кој бил на рутинска мисија во меѓународниот воздушен простор.

    Пред судирот, руските авиони неколкупати испуштиле гориво врз дронот на несовесен, нееколошки и непрофесионален начин. Еден авион притоа го допре пропелерот на дронот, кој потоа се урна во Црното Море“, соопшти американската војска.

    Ова е прв директен инцидент помеѓу двете суперсили од почетокот на руската инвазија на Украина. Рускиот амбасадор во САД, Анатоли Антонов, понуди поинаква верзија на инцидентот.

    Американското летало намерно и провокативно се движело кон руската територија со исклучени транспондери. Неприфатливата активност на американската војска непосредно до нашите граници е причина за загриженост. Што прават овие дронови илјадници километри од САД? Собираат разузнавачки информации, кои Киев потоа ги користи за да ги напаѓа нашите вооружени сили и територија“, кажа Антонов.

    Од почетокот на војната во Украина, Велика Британија и САД ги засилија извидувачките и набљудувачките летови, иако тоа секогаш се одвива во меѓународниот воздушен простор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира