Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека Москва планираше да избегне цивилни жртви и да се воздржи од упадот во најголемите украински градови, меѓу кои и Киев, но сега не ја исклучува можност да преземе контрола врз нив.
„Урбаното војување неизбежно води кон големиот број цивилни жртви. Водејќи сметка за максималната безбедност на мирното население, министерството за одбрана не ја исклучува можноста за воспоставување целосна контрола врз големите украински градови“, кажа Песков.
Тој ги отфрли американските шпекулации дека Русија побарала воена помош од Кина.
„Русија има свој сопствен потенцијал да продолжи со специјалната операција во Украина. Плановите на Русија ќе бидат спроведени во целост и според планот“, кажа Песков.