НА 70 ПАТНИЦИ ИМ СЕ СЛОШИЛО И ПОВРАЌАЛЕ НА ЛЕТ ОД МАУРИЦИУС ЗА ФРАНКФУРТ

    НА 70 ПАТНИЦИ ИМ СЕ СЛОШИЛО И ПОВРАЌАЛЕ НА ЛЕТ ОД МАУРИЦИУС ЗА ФРАНКФУРТВо авионот имало 290 патници, а дури 70 од нив се пожалиле на мачнини, гадење и почнале да повраќаат.(Фото: Кондор)

    Голем број екипи на Брзата помош интервенираа во четвртокот на аеродромот во Франкфурт откако на дел од патниците им се слошило на летот од Маурициус на авиокомпанијата „Кондор“. Во авионот имало 290 патници, а дури 70 од нив се пожалиле на мачнини, гадење и почнале да повраќаат.

    Откако екипажот ja известил контролата на летање дека дел од патниците не се чувствуваат добро, на аеродромот дошле голем број комбиња за итна помош.

    Авионот Ербас А330нео слетал на аеродромот во 17.33 часот па што лекарските екипи им дале медицинска помош на неколку патници кои повраќале за време на летот.

    На местото имало околу 15 возила на итна помош, но извори на ДПА велат дека повеќето си заминале откако било утврдено дека не се потребни.

    Ниту еден член на екипажот на летот не се пожалил на симптомите кои ги пријавиле патниците.

    „Екипажот е обучен за специјални ситуации како оваа и продолжи со работа на летот“, рекоа од авиокомпанијата „Кондор“.

    Од авиокомпанијата соопштија дека е покренала истрага, но не кажаа ништо кои се можните причини за инцидентот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира