НА АЕРОДРОМОТ ВО ПРИШТИНА ПОЧНАА ДА СЕ ПРАВАТ ПЦР ТЕСТОВИ ЗА КОРОНАВИРУС

    НА АЕРОДРОМОТ ВО ПРИШТИНА ПОЧНАА ДА СЕ ПРАВАТ ПЦР ТЕСТОВИ ЗА КОРОНАВИРУСРезултатите од тестот се добиваат два часа од земањето на брисот

    Патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународниот аеродром во Приштина отсега можат да направат и ПЦР тест за коронавирус на самото место. Пунктот за тестирање беше отворен на 12 јануари и се наоѓа во старата зграда на аеродромот.

    Тестирањето чини 35 евра и резултатите се добиваат два часа од земањето на брисот.

    „Адем Јашари“ е вториот аеродром во поранешна Југославија кој почна да нуди ваква услуга, по оној во Љубљана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира