На изборите за бугарскиот парламент викендов, во Албанија на гласање излегоа 229 албански граѓани со бугарско државјанство, според податоците на Централната изборна комисија.
На последниот попис во Албанија, лани регистрирани беа 7.057 лица кои се изјасниле како Бугари.
Гласање за бугарските избори имаше во Елбасан, Тирана, Корча и Кукс. Најмногу гласови во Албанија освои коалицијата ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов – 94.
Во Македонија, на бугарските избори излегоа 327 македонски граѓани од 3.504 колку што се изјасниле како Бугари на последниот попис.