НА УРНАТИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА СЕ ЗАКАЧУВААТ БАЛОНИ ВО ЧЕСТ НА ДЕЦАТА КОИ ЗАГИНАА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ

    НА УРНАТИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА СЕ ЗАКАЧУВААТ БАЛОНИ ВО ЧЕСТ НА ДЕЦАТА КОИ ЗАГИНАА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТБалони во разни бои на урнатините во Хатај (Фото: ДХА)

    Две недели по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, бројот на загинати надмина 46.000 и турските спасувачи кажаа дека ќе ја продолжат потрагата по преживеани само во уште две провинции, Хатај и Караманмараш.

    Балони во разни бои почнаа да се појавуваат на урнатините на уништени згради во Турција и тие се закачуваат во знак на сеќавање на децата кои загинаа во земјотресот. Предводени од фотографот Огун Север Окур, волонтерите од неговата организација за деца „Браќата Огун“ се качуваат на урнатините во Хатај и ги прицврстуваат балоните за метални жици кои искачаат од уништените згради.

    Проектот го предводи фотографот Огун Север Окур (Фото: ДХА)

    Изгубив многу ангели тука. Ги закачуваме балоните во името на децата кои ги изгубија животите. Секој балон претставува едно дете“, вели Огун.

    Тој кажа дека учествувал во спасувачките напори во Адана и Хатај во првата недела по земјотресот и му се кршело срцето секој пат кога би пронашле мртво дете.

    Мислам дека остарев 20 години за овие неколку дена. Нема зборови со кои може да се опише болката. Детски играчки и папучи цело време искачаат од урнатините“, вели Огун.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира