НА ЗЕЛЕНСКИ ДОСТА ДОБРО МУ ОДИ ВО ВОЈНАТА ПРОТИВ РУСИЈА, КАЖА ТРАМП

    НА ЗЕЛЕНСКИ ДОСТА ДОБРО МУ ОДИ ВО ВОЈНАТА ПРОТИВ РУСИЈА, КАЖА ТРАМПУкраина во изминатиот период ги засили нападите во длабочината на Русија и врз окупираниот Крим (Фото: Телеграм)

    Доналд Трамп изјави дека на Володимир Зеленски му оди доста добро во војната против Русија. Тој претходно тврдеше дека Украина нема никакви адути за да победи во војната, порачувајќи ѝ да склучи договор со Русија што побрзо.

    „Зеленски добро се држи. Многу луѓе умираат на двете страни, но мислам дека му оди доста добро“, кажа Трамп.

    Анализите на случувањата на бојното поле покажуваат дека Украина во голема мера го запрела руското напредување и дури има повратено некои територии, но Русија и натаму ги загрозува градовите со своите напади.

    Трамп и Зеленски, чиј однос често се менуваше, се сретнаа на самитот на Г7 во Франција, каде што се согласија да го зголемат притисокот врз Русија во обид да се стави крај на војната. Во тој поглед, Украина во изминатиот период ги засили нападите во длабочината на Русија и врз окупираниот полуостров Крим, гаѓајќи енергетска инфраструктура и ланци на снабдување.

    Зеленски во своето последно обраќање кажа дека Украина ќе изврши нови превентивни напади врз објекти што Русија ги користи за својата војна.

    „Им наложив на нашите разузнавачки служби и на војската да дејствуваат превентивно против објектите што Русија ги користи за проширување на своите воени напори“, рече Зеленски.

    Најголемиот град на Крим, Севастопол, вчера остана без струја по украински напад, а нафтената рафинерија во Москва нема да работи најмалку шест месеци откако трипати беше погодена за кратко време, претрпувајќи значителни штети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира