НАД 1.000 УАПСЕНИ НА ПРОТЕСТ НА ОПОЗИЦИЈАТА ВО МОСКВА

    НАД 1.000 УАПСЕНИ НА ПРОТЕСТ НА ОПОЗИЦИЈАТА ВО МОСКВАПротестот кој не беше одобрен од властите беше затоа што на кандидатите на опозицијата не им било дозволено да се најдат на гласачките ливчиња за градската Дума на Москва - (Фото: ЕПА)

    Руската полиција жестоко се судри со демонстрантите во централна Москва во саботата, претепувајќи неколкумина и уапси повеќе од 1.000 кои протестираа поради недозволувањето на кандидатите од опозицијата да се најдат на гласачко ливче за избор на Градскиот совет (Дума) на Москва. Полицијата, исто така, упаднала и во телевизиска станица што вршела директен пренос од протестите.

    Полицијата се судри со демонстрантите околу канцеларијата на градоначалникот, понекогаш пресметуваќи се со толпата со палки. Државните новински агенции ТАС и РИА-Новости објавија соопштенија на полицијата дека во текот на протестите што траеле 7 часа биле уапсени 1074 луѓе.

    Заедно со апсењата на претежно млади демонстранти, биле упасени и неколку активисти на опозицијата кои сакаа да се кандидираат за градскиот совет.

    Алексеј Навални, најзначајната опозициска личност во Русија, во средата беше осуден на 30 дена затвор за повикување на неовластен протест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира