Повеќе од 100.000 Американци починале од предозирање со дрога во едногодишен период за време на пандемијата на коронавирусот. Тоа е најцрниот годишен биланс досега забележан во САД.
Податоците од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека смртните случаи од дрога пораснале за 28,5% во 12-месечниот период до април оваа година. Експертите веруваат дека порастот на предозирањата е последица на психолошкиот товар на пандемијата, како и на пошироката употреба на синтетички опиоди, како фентанил. Бројот на предозирањата пораснал во сите освен четири сојузни држави.
Според ЦДЦ, во периодот април 2020-април 2021 од дрога починале 100.306 луѓе во САД, додека во претходната година имало 78.056 смртни случаи.
„Иако бројот на смртоносните предозирања експоненцијално расте во изминатите години, пандемијата несомнено уште повеќе го разгорела тоа. Податоците покажуваат дека сè повеќе луѓе сами земаат дрога, што е ризичен фактор за предозирање“, вели Кетрин Кејс, професорка на Универзитетот Колумбија.
Бројот на смртните случаи од дрога сега го надминува оној од пукања, грип и сообраќајни несреќи.