НАД 100.000 МРТВИ ОД КОВИД-19 НА СВЕТСКО НИВО, ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 980 ПОЧИНАТИ ВО ЕДЕН ДЕН

    НАД 100.000 МРТВИ ОД КОВИД-19 НА СВЕТСКО НИВО, ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 980 ПОЧИНАТИ ВО ЕДЕН ДЕНШпанија бележи најмала дневна бројка на починати од 24 март (Фото: АФП)

    Велика Британија имаше уште еден тежок ден во борбата со коронавирусот откако во последните 24 часа во тамошните болници починале 980 пациенти, најмногу во еден ден досега. Со тоа вкупната бројка починати во земјата порасна на 8.958.

    Министерот за здравство Метју Хенкок извести дека состојбата на премиерот Борис Џонсон се подобрува и дека тој веќе не е на интензивна нега.

    Во Италија има 570 мртви од КОВИД-19 и 3.591 новозаразен во последните 24 часа, што во двата случаи претставува пад во споредба со вчера. Коронавирусот однесе 18.849 животи во Италија, а од досега заразените 147.577, излекувани се над 30.000.

    Шпанија пријави нови 605 починати од КОВИД-19, што е најмала бројка од 24 март. Во земјата досега има 15.843 починати и 157.053 заразени, од кои над 55.000 се излекувани, но Министерството за здравство предупреди дека овие бројки не го одразуваат реалниот обем на епидемијата.

    Весникот „Ел Паис“ пишува дека најмалку 90% случаи се скриени, бидејќи само оние најсериозни се тестираат, а и голем дел од починатите надвор од болниците не е вклучен во официјалната статистика.

    На светско ниво денеска е надмината бројката од 100.000 починати од КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира