НАД 100 ИЛЈАДИ ФРАНЦУЗИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА ВАКЦИНАЦИЈА И КОВИД-ПРОПУСНИЦАТА

    НАД 100 ИЛЈАДИ ФРАНЦУЗИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА ВАКЦИНАЦИЈА И КОВИД-ПРОПУСНИЦАТАДемонстрантите скандираа „Макрон, оди си!“, „Слобода“. (Фото: Гети)

    Над 100 илјади лица протестираа вчера низ Франција против последните одлуки на Владата за да ги натера луѓето да се вакцинираат и да го спречи ширењето на делта сојот на ковид-19. Илјадници граѓани се одзваа на повикот на Флоријан Филипот, екстремен десничарски политичар и поранешна десна рака на Марин ле Пен, која месецов објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2022.

    Демонстрантите скандираа „Макрон, оди си!“, „Слобода“ и удираа со метални лажички во тенџерињата.

    Тие ја осудија владината одлука со која вакцината против ковид-19 е задолжителна за сите здравствени работници. Демонстрантите исто така се против ковид-пропусница со која се докажува дека луѓето е целосно вакцинирани, или се со негативен ковид тест или ја прележале болеста, а со таа ќе биде дозволен пристап во рестораните и другите јавни места. Претседателот Емануел Макрон утре ќе го претстави Предлог-законот.

    „Никогаш нема да се вакцинирам“,  вели Бруно Окиер, 53-годишен градски советник, кој живее на периферијата на Париз. „Луѓето треба да се разбудат, не се знае колку се безбедни вакцините“, вели тој и додава дека ќе ги отпише своите две деца од училиште ако се бара вакцинација во државните школи.

    Владата предупреди на брзото ширење на делта сојот, или јужноафриканскиот сој, и стравува дека повторно болниците ќе се преполнат, ако нема голем број на вакцинирани против вирусот.

    Во Франција досега се регистрирани над 111 илјади починати од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира