Над 120 луѓе загинаа, а стотици се исчезнати во западна Европа во најголемите поплави последниве децении. Поради рекордните врнежи, реките се излеаја од коритата и го опустошија регионот.
Во Германија, каде засега има 100 загинати, канцеларката Ангела Меркел повика на одлучна борба против климатските промени. Во Белгија има 22 загинати, а погодени се и Холандија, Луксембург и Швајцарија.
Научниците со години повторуваат дека климатските промени причинети од човекот ќе ја зголемат појавата на екстремо невреме како ова.
Во Германија најтешко се погодени сојузните држави Рајнланд-Палатинате и Северна Рајна-Вестфалија.
Во западногерманската област Арвајлер исчезнати се над 1.300 луѓе, а мобилните станици не работат и затоа не може да се стапи во контакт.