НАД 120 ЗАГИНАТИ И СТОТИЦИ ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ЗАПАДНА ЕВРОПА

    НАД 120 ЗАГИНАТИ И СТОТИЦИ ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ЗАПАДНА ЕВРОПАВо германскиот град Ерфтштад-Блесем дел од жителите се заробени по свлечиштата од поплавите. (Фото: ЕПА)

    Над 120 луѓе загинаа, а стотици се исчезнати во западна Европа во најголемите поплави последниве децении. Поради рекордните врнежи, реките се излеаја од коритата и го опустошија регионот.

    Во Германија, каде засега има 100 загинати, канцеларката Ангела Меркел повика на одлучна борба против климатските промени. Во Белгија има 22 загинати, а погодени се и Холандија, Луксембург и Швајцарија.
    Научниците со години повторуваат дека климатските промени причинети од човекот ќе ја зголемат појавата на екстремо невреме како ова.

    Во Германија најтешко се погодени сојузните држави Рајнланд-Палатинате и Северна Рајна-Вестфалија.

    Во западногерманската област Арвајлер исчезнати се над 1.300 луѓе, а мобилните станици не работат и затоа не може да се стапи во контакт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира