НАД 130 ПОЧИНАТИ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА НАЈГОЛЕМИТЕ ЖЕШТИНИ ВО ИСТОРИЈАТА НА КАНАДА

    НАД 130 ПОЧИНАТИ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА НАЈГОЛЕМИТЕ ЖЕШТИНИ ВО ИСТОРИЈАТА НА КАНАДАПред оваа недела, во Канада никогаш не биле измерени повеќе од 45 степени (Фото: АП)

    Десетици луѓе починаа во Канада среде досега невиден жежок бран, проследен со рекордно високите температури. Полицијата на областа Ванкувер соопшти дека од петокот имало најмалку 130 смртни случаи поврзани со жештините, од кои повеќето биле стари лица или луѓе со хронични здравствени проблеми.

    Вчера беше измерена нова највисока температура во историјата на Канада, 49,5 Целзиусови степени, повторно во гратчето Литон во Британска Колумбија. Пред оваа недела, во Канада никогаш не биле измерени повеќе од 45 степени.

    Жешкиот бран е последица на купола со висок притисок што лебди над северозападниот дел на САД и Канада.

    „Веруваме дека жештината придонесла за смртта на 65 луѓе во Ванкувер. Во предградието Барнаби има 34 починати, а во областа Сури 38. Ванкувер никогаш досега не искусил вакво нешто и, за жал, десетици луѓе умираат поради тоа“, изјавија од полицијата на Ванкувер.

    Многу домови во Британска Колумбија немаат клима-уреди, зашто летните температури вообичаено се умерени. Отворени се привремени центри за разладување.

    Во САД, најпогодениот регион е Пацифички Северозапад, при што во Портланд се измерени 46,1 степен, а во Сиетл 42,2, најмногу откако се води статистика од 1940-ите. Десетици смртни случаи во Вашингтон и Орегон се поврзуваат со жештините.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира