Повеќе од 150 патници останаа заглавени на аеродромот „Македониjа“ во Солун синоќа откако летот за Германија беше откажан поради пронајдена птица во еден од моторите на авионот.
Летот беше закажан за раните вечерни часови, но патниците чекаа неколку часа пред да бидат информирани од авиокомпанијата дека е одложен од безбедносни причини.
Инцидентот ги активираше стандардните безбедносни процедури, при што авиокомпанијата ги презеде потребните чекори за отстранување на птицата и за извршување технички преглед на авионот. Патниците беа информирани дека ќе летаат следниот ден.
Немаше дополнителни информации за инцидентот.



