НАД 170 ЖРТВИ ВО НАПАДОТ НА АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ, СЕ РАЗНЕЛ ЕДЕН, А НЕ ДВАЈЦА БОМБАШИ

    НАД 170 ЖРТВИ ВО НАПАДОТ НА АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ, СЕ РАЗНЕЛ ЕДЕН, А НЕ ДВАЈЦА БОМБАШИПентагон потврди дека вчера имало само една експлозија пред аеродромот во Кабул, откако првично рече дека биле двајца бомбаши самоубијци. (Фото: Гети)

    Бројот на загинати во нападот на аеродромот во Кабул се искачи на 170, изјави авганистански службеник за јавно здравство за Би-Би-Си. Зголемениот број на загинати е непотврден, но слична бројка известуваат и неколку други медиуми.

    Загинатите во бомбардирањето на аеродромот во Кабул беа претежно авганистански цивили. Потврдено е дека починале и 13 американски војници, двајца британски државјани и детето на трет британски државјанин. Исламска држава-Хорасан (ИС-Х), локален огранок на групата Исламска држава, соопшти дека го извршила нападот.

    На брифингот во Пентагон, портпаролот Џон Кирби рече дека САД се предупредени за нови можни напади и дека ги следат заканите цело време.

    Пентагон потврди дека вчера имало само една експлозија пред аеродромот во Кабул, откако првично рече дека биле двајца бомбаши самоубијци. Некои од повредените во бомбардирањето се пренесени на лекување во Германија.

    САД ќе продолжат со евакуација „до последен момент“, рече Кирби, прашан за претстојниот рок за повлекување до 31 август договорен со талибанците. Досега повеќе од 110.000 луѓе биле префрлени со авион од Кабул. Околу 5.400 остануваат на аеродромот, чекајќи евакуација.

    Запрашан за џихадистичката група ИС-Х, Кирби рече дека САД ја сфатиле групата „многу сериозно“ и дека нема да дозволат напади врз земјата повторно да произлезат од Авганистан, како пред 20 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира