НАД 200 ЛУЃЕ СЕ ВОДАТ КАКО ИСЧЕЗНАТИ ВО НАЈСМРТОНОСНИОТ ПОЖАР ВО ИСТОРИЈАТА НА КАЛИФОРНИЈА

    НАД 200 ЛУЃЕ СЕ ВОДАТ КАКО ИСЧЕЗНАТИ ВО НАЈСМРТОНОСНИОТ ПОЖАР ВО ИСТОРИЈАТА НА КАЛИФОРНИЈАСилни ветрови се закануваат дополнително да го прошират огнот во наредните денови (Фото: АП)

    Повеќе од 200 луѓе се водат како исчезнати во најсмртоносниот и најуништувачки пожар во Калифорнија во нејзината историја, во кој досега загинаа 31 лице, а четврт милион се евакуирани.

    Наречен Логорски оган, пожарот уништил околу 6.700 објекти во гратчето Перадајз, 145 километри северозападно од Сакраменто, проширувајќи се на површина од 45.000 хектари. Според бројот на мртви, ова сега и официјално е најсмртоносниот пожар во историјата на Калифорнија, надминувајќи го оној од 1933 година во Грифит Парк, кога загинале 29 луѓе.

    Шерифот на Бат Каунти, Кори Хонеа, изјави дека се трага по најмалку 228 луѓе.

    Друг пожар наречен Вулси беснее во јужна Калифорнија и тој досега зафати површина од 34.600 хектари и уништи 177 објекти.

    Бидејќи силни ветрови се закануваат дополнително да го прошират огнот, гувернерот на Калифорнија Џери Браун го повика претседателот Доналд Трамп да прогласи состојба на голема катастрофа. Официјалните лица ги повикаа луѓето да ги почитуваат наредбите за евакуација.

    „Ветровите веќе дуваат силно и ќе дуваат во наредните неколку дена. Вашите домови можат одново да се изградат, но животите се неповратни“, изјави шефот на пожарникарите од Лос Анџелес, Дерил Озби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира