НАД 200 ВОЗИЛА СЕ СУДРИЈА НА МОСТ ВО КИНА, ЕДЕН ЗАГИНАТ

    НАД 200 ВОЗИЛА СЕ СУДРИЈА НА МОСТ ВО КИНА, ЕДЕН ЗАГИНАТМедиумите објавија дека несреќата се случила во услови на густа магла (Фото: АФП)

    Едно лице загина во верижен судир на повеќе од 200 возила на мост во кинескиот град Женгжу, објавија медиумите и спасувачите. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат автомобили и камиони набиени и натрупани едни на други.

    Ова е престрашно. Преполно е со луѓе, не можат да заминат од мостот“, вели еден од учесниците во несреќата во едно од видеата.

    Многумина од повредените биле заглавени во своите возила и биле испратени 11 пожарникарски камиони и 66 спасувачи за да помогнат.

    Медиумите објавија дека несреќата се случила во услови на густа магла. Видливоста во повеќето области била помала од 500 метри утрово, а на моменти и 200 метри. Спасувачите кажаа дека повеќе од 200 возила се судриле едно во друго. Мостот преку Жолтата Река подоцна бил целосно затворен за сообраќај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира