НАД 200 ЗАГИНАТИ ВО УРИВАЊЕТО НА АВИОН НА АЛЖИРСКАТА ВОЈСКА

    НАД 200 ЗАГИНАТИ ВО УРИВАЊЕТО НА АВИОН НА АЛЖИРСКАТА ВОЈСКААвионот се урнал набргу по полетувањето од воздушната база Буфарик во близина на главниот град Алжир (Фото: Твитер)

    Авион на алжирската војска се урнал набргу по полетувањето од воздушната база Буфарик, сместена во близина на главниот град Алжир, и се стравува дека има голем број загинати.

    Локалните медиуми објавија дека најмалку 105 тела се пронајдени на местото на несреќата. Се верува дека во авионот имало повеќе од 200 луѓе и, според извештаите, мали се шансите дека има преживеани.

    Авион од типот „илјушин Ил-76“ превезувал припадници на армијата и опрема, кога се урнал во рани утрински часови 40-ина километри од главниот град.

    Во Алжир и пред четири години се случи слична несреќа, кога во уривањето на воен авион загинаа 77 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира