НАД 200 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ШТО ГИ ПОГОДИ ИРАК И ИРАН

    НАД 200 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ШТО ГИ ПОГОДИ ИРАК И ИРАННајтешко погоден во земјотресот е иранскиот град Сарпол-е Захаб, каде што загинале околу 100 луѓе (Фото: Ројтерс)

    Над 200 луѓе загинаа во земјотресот, што удри во пределот на иранско-ирачката граница, со силина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, а над 2.800 се повредени.

    Иранската телевизија „Прес“ соопшти дека најмногу жртви има во градот Сарпол-е Захаб во провинцијата Керманшах, дури 100 од досега потврдените 214 загинати.

    Иако повеќето од загинатите се во Иран, епицентарот на земјотресот бил во соседниот Ирак, 350 километри северно од главниот град Багдад. Тој бил на длабочина од 23 километри и можел да се почувствува во целиот регион, при што има урнати згради во ирачкиот град Дарбандикан, каде што десетици луѓе се повредени.

    „Ситуацијата таму е многу критична“, изјави курдскиот министер за здравство, Рекавт Хама Рашид.

    Земјотресот, исто така, се почувствувал во Пакистан, Либан, Кувајт и Турција, соопштија агенциите од овие земји.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира