НАД 250 НОВИ МИЛИЈАРДЕРИ СЕ СОЗДАЛЕ ВО КИНА ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА

    НАД 250 НОВИ МИЛИЈАРДЕРИ СЕ СОЗДАЛЕ ВО КИНА ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТАЖонг Шаншан го презеде статусот на најбогат Кинез (Фото: АП)

    Повеќе од 250 нови милијардери се создале во Кина минатата година, откако растот на вредноста на акциите и излегувањето на голем број компании на берза ги неутрализираше штетите од пандемијата на коронавирусот.

    Ексклузивниот клуб на кинески милијардери речиси се удвоил во изминатите пет години, додека втората најголема економија на светот продолжува да ги надминува останатите и не само што го избегна најлошото во пандемијата, туку е и една од ретките која успеа да се прошири во 2020.

    Според глобалната листа на богатите „Хурун“, 259 Кинези станале милијардери лани, повеќе од остатокот на светот заедно и нивната бројка сега изнесува 1.058. За споредба, во САД лани се создале 70 нови милијардери, со што вкупно ги има 696.

    Најбогатиот човек во Кина е Жонг Шаншан, сопственикот на компанијата за флаширана вода „Нонгфу“, чие богатство е проценето на 85 милијарди долари, со што е број еден и во целата Азија.

    Шест од десетте градови со најголема концентрација на милијардери на светот се во Кина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира