НАД 3.000 ПРИВЕДЕНИ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НАВАЛНИ ВО 100 РУСКИ ГРАДОВИ

    НАД 3.000 ПРИВЕДЕНИ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НАВАЛНИ ВО 100 РУСКИ ГРАДОВИ1.200 демонстранти беа уапсени во Москва. (Фото: ЕПА)

    Руската полиција приведе повеќе од 3.000 луѓе на протестите за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Десетици илјади луѓе излегоа вчера на улиците низ цела Русија, откако Навални, кој беше уапсен по враќањето во Москва од Берлин минатата недела, повика на протести.

    Навални во Берлин закрепнуваше од речиси фаталниот напад со отровот Новичок.

    ОВД, невладина организација која ги следи протестите, соопшти дека околу 3.100 луѓе се приведени, а од нив над 1.200 само во Москва.

    Протести се одржаа во околу 100 града во Русија, од Далечниот исток и Сибир до Санкт Петерзбург. Според агенцијата „Ројтерс“, на протестот во Москва имаше најмалку 40.000 луѓе, но руското министерство за внатрешни работи вели дека имало само 4.000 демонстранти.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира