НАД 36 ИЛЈАДИ РАСЕЛЕНИ ВО ИТАЛИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИ, ПРЕМИЕРКАТА МЕЛОНИ СЕ ВРАТИ ПРЕДВРЕМЕ ОД САМИТОТ НА Г7 ВО ЈАПОНИЈА

    НАД 36 ИЛЈАДИ РАСЕЛЕНИ ВО ИТАЛИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИ, ПРЕМИЕРКАТА МЕЛОНИ СЕ ВРАТИ ПРЕДВРЕМЕ ОД САМИТОТ НА Г7 ВО ЈАПОНИЈАУлиците во регионот Емилија Ромања се претворени во реки по обилните дождови. (Фото: АНСА/принтскрин)

    Повеќе од 36 илјади луѓе беа принудени да ги напуштат домовите поради опасните поплави во североисточна Италија, велат регионалните власти. Подигнатите нивоа на реките проголтуваат куќи, а свлечишта изолираа неколку населени места.

    Во поплавите досега загинаа 14 луѓе и улиците во регионот Емилија Ромања се претворени во реки по обилните дождови.

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера кажа дека си заминува порано од Самитот на Г7 во Јапонија за да се справи со кризата дома.

    „Искрено, не можат да останам толку далеку од Италија во ваков комплексен момент“, кажа таа пред новинарите во Хирошима и им се заблагодари на спасувачите и волонтерите кои се мобилизираа да им помогнат на погодените од поплавите.

    За 36 часа во Емилија Ромања наврна дожд колку за шест месеци. Поплавите предизвикаа над 306 одрони и оштетија околу 500 патишта во регионот.

    Градоначалникот на Болоња Матео Лепоре кажа дека ќе бидат потребни месеци, а некаде и години за да се поправи патната инфраструктура на некои места.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира