НАД 40 МРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКА ЗА УЧИЛИШНИ ТОРБИ ВО ЊУ ДЕЛХИ

    НАД 40 МРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКА ЗА УЧИЛИШНИ ТОРБИ ВО ЊУ ДЕЛХИВо моментот кога почнал пожарот во зградата спиеле повеќе од 100 работници (Фото: АП)

    Десетици луѓе загинаа во пожарот во фабрика за торби во главниот град на Индија, Њу Делхи.

    Пожарот во четирикатната зграда во стара, густо населена населба во градот избувнал во утрински часови, во моментите кога во неа спиеле повеќе од 100 работници. Над 60 луѓе биле евакуирани, а потврдено е дека има најмалку 43 мртви.

    Индискиот премиер Нарендра Мори го опиша пожарот како ужасен.

    Пожарникарите ја примиле првата дојава за пожарот после пет часот наутро по локално време. Тој почнал во долниот дел од зградата и бргу се проширил кон третиот кат, каде што спиеле работниците.

    Засега не е познато што го предизвикало пожарот во фабриката во која главно се произведуваат училишни торби.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари