НАД 45 ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО САД, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК ГИ НАПАДНА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ ЗА ПОГРЕШНИТЕ ПРОГНОЗИ

    НАД 45 ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО САД, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК ГИ НАПАДНА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ ЗА ПОГРЕШНИТЕ ПРОГНОЗИВо рекордните врнежи во Њујорк се поплавени и автопатишта и подземната железница (Фото: АП)

    Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се потребни историски вложувања во справувањето со климатската криза додека североистокот на земјата се справува со последиците од поплавите и торнадата, во кои загинаа најмалку 46 луѓе. Њујорк и Њу Џерси вчера беа погодени од досега невидени врнежи како последица на ураганот Ајда, при што беше поплавена и подземната железница, а над 10 луѓе се удавиле во своите потопени подрумски станови.

    Гувернерот Фил Марфи изјави дека во Њу Џерси загинале 23 луѓе, повеќето откако останале заглавени во своите автомобили. Најмалку 14 луѓе починале во Њујорк, вклучувајќи двегодишно дете, а загинати има и во Пенсилванија, Мериленд и Вирџинија.

    Бајден прогласи вонредна состојба во Њујорк и Њу Џерси, додека градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, ги искритикува метеоролозите, зашто нивните прогнози биле исмеани за само неколку минути.

    „Во рок од само еден час небото буквално се отвори и на улиците на Њујорк донесе ниво на вода како Нијагарини водопади“, изјави гувернерката на Њујорк, Кејти Хокал.

    Вчерашните врнежи донеле 23 сантиметри вода во делови од Њујорк, Пенсилванија, Масачусетс и Роуд Ајленд. Снимките од Њујорк покажуваат над 500 оставени автомобили на потопени автопатишта, полицијата соопшти дека извлекла 835 луѓе од подземната железница.

    Врнежите и поплавите уследија три дена откако моќниот ураган Ајда ја погоди Луизијана, каде што имаше деветминз загинати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира