НАД 5.000 РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО ЛИМАН СЕ ЦЕЛОСНО ОПКОЛЕНИ ОД УКРАИНСКИТЕ СИЛИ, ВЕЛИ УКРАИНА

    НАД 5.000 РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО ЛИМАН СЕ ЦЕЛОСНО ОПКОЛЕНИ ОД УКРАИНСКИТЕ СИЛИ, ВЕЛИ УКРАИНААко Лиман биде освоен од украинските трупи, ќе им овозможи да напредуваат кон Кремина и Северодонецк, кои се клучни упоришта под контрола на Русија. (Фото: Гети)

    Големата руска групација во Лиман е опколена и населбите околу градот се повторно заземени, вели Серхи Черевати, портпарол на украинските сили на исток. Тој за украинската телевизија изјави дека „нашите податоци покажуваат оти околу 5.000-5.500 руски војници биле во Лиман“, но рече дека тој број сега е помал поради неодамнешната „активна борбена акција“ во која многу руски војници беа убиени или ранети. Черевати рече дека сите континуирани обиди за пробив на руските трупи пропаднале.

    Тој зборуваше и за важноста на Лиман, кој, ако биде освоен од украинските трупи, ќе им овозможи да напредуваат кон Кремина и Северодонецк, кои се клучни упоришта под контрола на Русија.

    „Тоа е исто така многу важно психолошки, бидејќи – како што рече претседателот Зеленски вчера – вооружените сили на Украина почнуваат да ја диктираат својата волја – а не само да се бранат“. Сепак, воената операција „сè уште не е завршена“, заклучи тој.

    Руските трупи во Лиман побараа од нивните претпоставени да го напуштат градот – но ова барање беше одбиено, изјави висок украински функционер.

    Регионалниот шеф на Луганск Серхи Хајдаи вели дека руските војници сега имаат само два избора: да се обидат да се пробијат или да се предадат. Хајдаи додава дека речиси сите патишта за повлекување и снабдување со муниција сега се отсечени од Лиман.
    Вчера Денис Пушилин, лидерот на регионот Доњецк, инсталиран од Русија, рече дека Лиман е „полуоопколен“ и дека руските сили се држат „со последните сили“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира