НАД 70 МРТВИ ВО НАЈСИЛНИТЕ ТОРНАДА ВО КЕНТАКИ ДОСЕГА, ДЕСЕТИЦИ ЗАГИНАЛЕ ВО ФАБРИКА ЗА СВЕЌИ

    НАД 70 МРТВИ ВО НАЈСИЛНИТЕ ТОРНАДА ВО КЕНТАКИ ДОСЕГА, ДЕСЕТИЦИ ЗАГИНАЛЕ ВО ФАБРИКА ЗА СВЕЌИГрадот Мејфилд во Кентаки е меѓу најтешко погодените (Фото: Фејсбук)

    Расте бројот на жртвите во серија торнада што погодија шест американски сојузни држави. Гувернерот Енди Бешир изјави дека само во Кентаки има најмалку 70 загинати, а бројот би можел да биде и поголем од 100.

    „Верувам дека ова ќе биде најсмртоносниот и најуништувачки систем торнада што досега поминал низ Кентаки. Тој поминал над 360 километри, од кои 320 низ нашата држава“, кажа Бешир.

    Тој додаде дека во фабриката за свеќи во градот Мејфилд имало околу 110 луѓе кога била погодена од торнадо и се верува дека десетици загинале. Бешир претходно кажа дека Мејфилд тешко настрадал.

    „Засега не можеме да ги потврдиме бројките затоа што сѐ уште се пребарува по урнатините на фабриката. Извлечени се тела, но засега не знам колку точно“, кажа шефицата на полицијата на Кентаки, Сара Бурџис.

    Џо Бајден ја опиша ситуацијата како незамислива трагедија откако 30-ина торнада поминаа низ Кентаки, Илиноис, Мисури, Тенеси, Арканзас и Мисисипи. Официјални лица кажаа дека едно торнадо поминало низ четири сојузни држави за само четири часа.

    Во Илиноис се урна складиште на „Амазон“, при што има најмалку еден загинат, а во Арканзас настрада дом за стари лица, во кој загинаа еден штитеник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира