НАД 99% ОД ЖРТВИТЕ НА КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА ВЕЌЕ ИМАЛЕ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ, ПОКАЖА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

    НАД 99% ОД ЖРТВИТЕ НА КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА ВЕЌЕ ИМАЛЕ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ, ПОКАЖА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕПросечната возраст на починатите во Италија е 79,5 години. - Мртовечница во Бергамо (Фото: Анса)

    Повеќе од 99% од жртвите на коронавирусот во Италија се луѓе кои веќе имале некоја медицинска состојба, покажа истражување спроведено од националните здравствени власти.

    До вчера, во Италија имаше 2.978 починати, што е зголемување од повеќе од 150% во споредба со претходната недела и здравствените власти ги анализираа податоците за да дојдат до нови методи на борба против коронавирусот.

    Владата на премиерот Џузепе Конте размислува за продолжување на националниот карантин и после 5 април, откако бројката заразени порасна на 35.713. Стапката на смртност во Италија е за 8% повисока отколку во други земји.

    Институт од Рим ги проучи медицинските наоди на 18% од починатите од коронавирусот во земјата и утврди дека само тројца, односно 0,8%, немале претходна патологија. Речиси половина од жртвите страдале од најмалку три заболувања, а една четвртина имале една или две состојби. Повеќе од 75% имале висок крвен притисок, 35% имале дијабетес, а една третина страдале од срцеви проблеми.

    Просечната возраст на починатите во Италија е 79,5 години. До 17 март, починале 17 луѓе помлади од 50 години, а сите починати со помалку од 40 години се мажи кои веќе имале сериозни здравствени проблеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира