НАД МИЛИОН МОЖНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА, КИМ ЏОНГ УН Ѝ НАРЕДИ НА ВОЈСКАТА ДА ПОМОГНЕ

    НАД МИЛИОН МОЖНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА, КИМ ЏОНГ УН Ѝ НАРЕДИ НА ВОЈСКАТА ДА ПОМОГНЕКим дури минатата недела го потврди првиот случај на ковид-19 во Северна Кореја од почетокот на пандемијата (Фото: АП)

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун жестоко ги критикуваше здравствените власти и ѝ нареди на армијата да помогне во дистрибуцијата на лекови, додека земјата се соочува со големо ширење на коронавирусот. Државните медиуми објавија дека повеќе од милион луѓе имаат она што властите го опишаа како треска.

    Досега починале околу 50 луѓе, но нејасно е колку од нив имале позитивен тест на ковид-19. Северна Кореја има ограничени капацитети за тестирање, па досега се потврдени малку случаи на коронавирус.

    Северна Кореја е особено ранлива на вирусот поради недостигот на вакцини и сиромашниот здравствен систем. Ким викендов ги обвини функционерите за лоша дистрибуција на националните резерви на лекови и притоа им нареди на „моќните сили“ на војската веднаш да го стабилизираат снабдувањето во Пјонгјанг.

    Северна Кореја дури минатата недела го потврди првиот случај на ковид-19 од почетокот на пандемијата, иако експертите веруваат дека вирусот и порано бил присутен. Меѓународната заедница ѝ понуди на земјата милиони ковид вакцини минатата година, но властите тврдеа дека го контролираат вирусот со затворањето на границите во почетокот на 2020. Северна Кореја дели копнена граница со Кина и Јужна Кореја, кои се борат со ново големо ширење на коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира