НАЈАВЕН ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ФРАНЦУСКАТА ПОЛИТИКА, ЛИДЕРОТ НА РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ПОВИКА НА УНИЈА СО КРАЈНАТА ДЕСНИЦА НА ИЗБОРИТЕ

    НАЈАВЕН ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ФРАНЦУСКАТА ПОЛИТИКА, ЛИДЕРОТ НА РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ПОВИКА НА УНИЈА СО КРАЈНАТА ДЕСНИЦА НА ИЗБОРИТЕОд таборот на Макрон кажаа дека изјавите на Ерик Сјоти се срамни (Фото: АФП)

    Лидерот на француската конзервативна партија Републиканци, Ерик Сјоти, повика на унија со крајнодесничарскиот Народен фронт (РН) на претстојните вонредни парламентарни избори, што претставува политички пресврт кој би можел да има широки последици.

    Кажуваме исти работи и тоа е она што големо мнозинство гласачи го сака. Тие ни велат да се договориме“, изјави Сјоти.

    Се очекува антиимиграцискиот и евроскептичен Народен фронт на Марин Ле Пен да стане најсилната партија во Франција по изборите на 30 јуни и 7 јули, иако можеби нема да има апсолутно мнозинство. Затоа РН бара сојузници и веднаш го поздрави повикот на Сјоти, кој пак ризикува раскол во неговата партија. Неговите коментари исто така го загрозуваат повеќедеценискиот консензус дека францускиот политички естаблишмент нема да ѝ дозволи на крајната десница да дојде на власт.

    Републиканците (ЛР) и нејзините претходни верзии со Шарл де Гол и Жак Ширак беа на власт во голем дел од современата француска политичка историја. Сепак, ЛР денес е само сенка на она што беше и има значително помалку пратеници.

    Еден од нив Филип Госелин изјави дека ќе ја напушти ЛР поради најавите на Сјоти и кажа дека тој и други негови колеги од партијата ќе формираат нова група. И други ветерани на ЛР одбија каква било соработка со крајната десница.

    Од таборот на Макрон кажаа дека изјавите на Сјоти се срамни и наликуваат на договорот од 1938 година што Франција и Велика Британија го потпишаа со нацистичка Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира