НАЈБЛИСКИОТ СОЈУЗНИК НА ПУТИН ВО УКРАИНА ФАТЕН ПО РЕЧИСИ ДВА МЕСЕЦА БЕГСТВО

    НАЈБЛИСКИОТ СОЈУЗНИК НА ПУТИН ВО УКРАИНА ФАТЕН ПО РЕЧИСИ ДВА МЕСЕЦА БЕГСТВОВиктор Медведчук беше во домашен притвор под обвинение за предавство (Фото: Фејсбук)

    Украинските безбедносни служби објавија дека е уапсен Виктор Медведчук, најблискиот сојузник на Путин во Украина, олигарх и опозициски политичар, опишувајќи ја акцијата како молневита и опасна. Медведчук, кој беше обвинет за предавство, избега од домашен притвор неколку дена по почетокот на руската инвазија.

    Веста за фаќањето на Медведчук прв ја објави претседателот Зеленски и потоа ѝ предложи на Москва да биде разменет за заробени Украинци.

    „Ѝ предлагам на Руската Федерација размена на овој ваш тип за наши момци и девојки кои моментално се во руско заробеништво“, кажа Зеленски, не откривајќи детали каде бил фатен.

    Медведчук се збогатил преку бизнисот со руска нафта и блискоста со Кремљ. Владимир Путин е кум на најмладата ќерка на Медведчук, чија коалиција „Опозициска платформа – За живот“ спроведуваше проруска агенда додека тој не беше обвинет за предавство во мај 2021. Притоа беше обвинет за продавање воени тајни на Русија и за експлоатација на природни богатства на Крим под руска окупација.

    Неговата 200 милиони долари вредна јахта беше запленета во Риека минатиот месец.

    Во јануари, САД воведоа санкции за Медведчук и за уште тројца украински политичари поддржани од Москва, обвинувајќи ги за заговор за поставување проруска влада во Киев по инвазијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира