НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО АФРИКА СЕ ЗБОГАТИЛА ПРЕКУ КОРУПЦИЈА И ЕКСПЛОАТАЦИЈА, ОТКРИВААТ НОВИ ДОКУМЕНТИ

    НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО АФРИКА СЕ ЗБОГАТИЛА ПРЕКУ КОРУПЦИЈА И ЕКСПЛОАТАЦИЈА, ОТКРИВААТ НОВИ ДОКУМЕНТИБогатството на Изабел дос Сантос е проценето на две милијарди долари (Фото: Гети)

    Најбогатата жена во Африка го стекнала своето богатство преку корупција и експлоатирање на сопствената земја, се дознава од новообјавени документи.

    Според нив, Изабел дос Сантос добила богати договори поврзани со земјиште, нафта, дијаманти и телекомуникации додека нејзиниот татко бил претседател на Ангола. Документите покажуваат како на неа и на нејзиниот сопруг им било овозможено да купуваат вредни државни добра со серија сомнителни договори.

    Дос Сантос вели дека обвинувањата против неа се измислени и политички мотивиран лов на вештерки на анголската влада. Таа веќе се наоѓа под истрага на анголските власти поради корупција, а целиот имот во земјата ѝ е замрзнат.

    Платформата за заштита на свиркачи во Африка дојде во посед на над 700.000 документи за бизнис империјата на Дос Сантос и ги сподели со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари.

    Нејзиниот татко Жозе Едуардо дос Сантос беше на власт во Ангола цели 38 години, пред да се повлече во 2017. Богатството на Изабел дос Сантос е проценето на 2,2 милијарди долари и таа и нејзиниот сопруг поседуваат акции во низа нафтени, медиумски и телекомуникациски компании и банки во Африка, Европа и на Блиски Исток.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира