НАЈГОЛЕМИТЕ САЛИ ВО ЗАГРЕБ И СОФИЈА СЕ ПРЕТВОРААТ ВО БОЛНИЦИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    НАЈГОЛЕМИТЕ САЛИ ВО ЗАГРЕБ И СОФИЈА СЕ ПРЕТВОРААТ ВО БОЛНИЦИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТПремиерот Бојко Борисов на својата Фејсбук страница објави фотографии од веќе поставените кревети во „Арена Армеец“

    Најголемите концертно-спортски сали во Загреб и Софија се трансформираат во привремени болници, додека Хрватска и Бугарија очекуваат зголемување на бројката заразени со коронавирусот.

    Загрепска „Арена“, која беше изградена за Светското првенство во ракомет во 2009 година, денеска почна да се претвора во мобилна болница за полесни случаи на КОВИД-19, при што војската во неа ќе постави 300 кревети.

    „Ако бројката заразени почне нагло да расте, овој објект ќе послужи за да се растоварат болниците“, изјави шефот на загрепската Канцеларија за управување со кризи Павле Калиниќ.

    Во Хрватска досега има 128 позитивни случаи и еден починат.

    И „Арена Армеец“ во Софија се претвора во болница, објави премиерот Бојко Борисов на Фејсбук. Бугарија пред една недела прогласи вонредна состојба, а бројката заразени порасна на повеќе од 130.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира