НАЈМАЛКУ 10 ЛИЦА ЗАТРУПАНИ ОД ЛАВИНА ВО АВСТРИСКИ СКИЈАЧКИ ЦЕНТАР

    НАЈМАЛКУ 10 ЛИЦА ЗАТРУПАНИ ОД ЛАВИНА ВО АВСТРИСКИ СКИЈАЧКИ ЦЕНТАРOколу 100 лица се вклучени во потрагата, во која учествуваат и неколку хеликоптери и спасувачки екипи со кучиња. (Фото: Гети)

    Лавина затрупа најмалку 10 лица во ски ресорт во западна Австрија, соопшти полицијата. Едно лице биле спасено, но продолжува потрагата по преживеани во ресортот Лех-Ѕурс ам Алберг.

    Властите соопштија дека околу 100 лица се вклучени во потрагата, во која учествуваат и неколку хеликоптери и спасувачки екипи со кучиња.

    За време на викендов беа испратени предупредувања за лавина во тој регион. Лавината се случила околу 15 часот на 2.700 метри надморска висина.

    Спасувачите побараа фарови за да може потрагата да продолжи во текот на ноќта, објави австриската новинска агенција (АПА).

    „Правиме сѐ што можеме за да ги спасиме љубителите на зимските спортови“, изјавија од општината Лех.
    Лавините се вообичаени во Австрија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира