НАЈМАЛКУ 13 МРТВИ ВО ПУКАЊЕТО НА СТУДЕНТСКА КАНТРИ ЗАБАВА ВО БАР ВО КАЛИФОРНИЈА

    НАЈМАЛКУ 13 МРТВИ ВО ПУКАЊЕТО НА СТУДЕНТСКА КАНТРИ ЗАБАВА ВО БАР ВО КАЛИФОРНИЈАПолицијата верува дека неидентификуваниот напаѓач се самоубил (Фото: ЕПА)

    Вооружено лице уби најмалку 12 луѓе во бар во Калифорнија, во кој во тој момент имало преку 200 посетители.

    Официјални лица кажаа дека убиецот е пронајден мртов во барот и неговиот идентитет засега не е познат, ниту кои се мотивите за нападот.

    Пукањето, кое почнало 40 минути пред полноќ по локално време, се случило во барот „Бордерлајн“ во Таузенд Оукс, 65 километри северозападно од Лос Анџелес, додека внатре се одржувала редовна студентска забава со кантри музика.

    Меѓу убиените е и полицаец со 29 години во службата, кој наредната година требало да оди во пензија.

    Напаѓачот испукал десетици куршуми со полуавтоматско оружје и полицијата верува дека потоа се самоубил. Властите кажаа дека има и најмалку десет повредени.

    „Бев на подиумот кога слушнав истрели. Настана огромна паника и луѓето паѓаа едни врз други“, кажа еден од присутните гости.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира