НАЈМАЛКУ 13 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО АЛБАНИЈА, НАД 600 СЕ ПОВРЕДЕНИ

    НАЈМАЛКУ 13 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО АЛБАНИЈА, НАД 600 СЕ ПОВРЕДЕНИЕпицентарот на земјотресот беше близу крајбрежниот град Драч, 32 километри од Тирана, каде што има и најмногу жртви и оштетени објекти. (Фото: Балканвеб)

    Во силниот земјотрес од 6,4 степени што ја погоди Албанија утринава загинаа најмалку 13 лица, вклучувајќи две деца и полицаец,  објавија албанските медиуми. Конечниот биланс на жртви не е точен сѐ уште, а има и извештаи за исчезнати под урнатините. Епицентарот на земјотресот беше близу крајбрежниот град Драч, 32 километри од Тирана.

    Над 600 луѓе побарале помош во болниците, јавија албанските медиуми, вклучувајќи повеќе од 300 во Тирана и во Драч.

    Премиерот Зоран Заев утринава кажа дека веќе се испратени тимови за спасување, а дадена е насока до најблиските региони како Охридско-струшкиот и кичевскиот да испратат механизација. Подготвени се и лекарските тимови и противпожарните служби доколку има потреба да бидат испратени, додаде Заев.

    На денешната владина седница беше одлучена да биде испратена и парична помош од 6 милиони денари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари