НАЈМАЛКУ 14 МРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА, ДВЕ ДЕЦА ЗАГИНАА ПРИ УРИВАЊЕ НА ЅИД НА ОСТРОВОТ САМОС

    НАЈМАЛКУ 14 МРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА, ДВЕ ДЕЦА ЗАГИНАА ПРИ УРИВАЊЕ НА ЅИД НА ОСТРОВОТ САМОСЗемјотресот најтешко го погоди Измир, каде што најмалку 20 згради се урнале (Фото: АП)

    Двајца тинејџери загинаа на грчкиот остров Самос, со што бројот на мртви во денешниот земјотрес што ги погоди Турција и Грција се зголеми на 14.

    Епицентар на земјотресот со јачина од седум степени според Рихтерова скала бил во Егејско Море, 17 километри од брегот на турската провинција Измир, северно од Самос. Двете деца загинале кога врз нив паднал ѕид. На островот, кој бил погоден и од мало цунами, има уште осум повредени.

    Турската агенција за справување со катастрофи и вонредни ситуации објави дека во земјата досега има 12 загинати и 419 повредени, од кои едно лице се удавило. Според Турција, земјотресот имал јачина од 6,6 степени.

    Земјотресот најтешко го погоди Измир, третиот најголем град во Турција, каде што најмалку 20 згради се урнале. Неколкумина рибари се водат како исчезнати откако земјотресот го покачил нивото на морето, што довело и до поплави во градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира