НАЈМАЛКУ 162 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ОД 5,6 СТЕПЕНИ ВО ИНДОНЕЗИЈА

    НАЈМАЛКУ 162 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ОД 5,6 СТЕПЕНИ ВО ИНДОНЕЗИЈАВо земјотресот се уништени 2.200 домови (Фото: АП)

    Најмалку 162 луѓе загинаа, а стотици се повредени во земјотресот што денеска го погоди индонезискиот остров Јава. Епицентар на земјотресот со јачина од 5,6 степени бил близу градот Чијанџур во западниот дел на Јава, а бил на длабочина од 10 километри.

    Погодената област е густо населена и подложна на лизгања на земјиштето, при што бројни слабо изградени куќи се целосно урнати.

    Локалните медиуми објавија дека се повредени најмалку 326 луѓе, додавајќи дека некои жители остануваат заробени под урнатините, што навестува дека бројот на жртвите ќе расте.

    Гувернерот на Јава кажа дека поради несреќата се раселени 13.000 луѓе и дека се уништени околу 2.200 домови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира