Најмалку 19 луѓе загинаа, а 50 се повредени во експлозија веднаш по концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, потврди британската полиција.
„Досега, има потврда за 19 загинати, а 50 други се повредени. Ова во моментов се третира како терористички инцидент сè додека полицијата не утврди поинаку“, соопшти манчестерската полиција.
Полицијата направи кордон околу салата и блиската железничка станица, а областа ја надлетува хеликоптер. На местото пристигнаа и возила на полицијата за демонтирање бомби
„Манчестер арена“, кадешто се одржуваше концертот, е најголемата затворена сала во Европа со капацитет од 21.000 места. Портпаролот на дискографската куќа на Аријана Гранде кажа дека пејачката е добро.
Првичните информации се дека многумина настрадале во стампедото што следувало во паниката по експлозијата.
За повеќе информации следете нè на Фејсбук, Твитер и sdk.mk